X
 04.04.2016 Технологија

Најимпресивните иновации од изминатиот месец

Потребна е мала помош од секој - активисти, научници, инженери и уметници за светот да стане подобро место за живеење. И секој ден, се создаваат нови примери за тоа како технологијата се користи за да се промовира општественото добро.

 

inovacii


Иноваторите од целиот свет го насочуваат вниманието кон социјалните прашања и обезбедуваат решенија на нови, неверојатни начини. Погледнете некои од нив.

 


„Pigeon Air Patrol“

 

Лондон опреми 10 гулаби со малечки ранци кои помагаат да се следи квалитетот на воздухот и загадувањето во градот. Целта на проектот е да се подигне свеста и да се предизвика разговор за загадувањето на воздухот.

„CareKit“

Големите компании придонесуваат за социјалната иновација, а тоа го вклучува и „Apple“ кој го објави додатокот на нивниот „ResearchKit“, алатка која на истражувачите им овозможува да собираат податоци од секаде низ светот. Новиот „CareKit“ им овозможува на научниците да собереат податоци за медицински дијагнози, состојби и следење на терапијата.

„Liam“ Kaко надополнување на „CareKit“, Тим Кук го претстави и роботот „Liam“ кој може да го расклопи вашиот iPhone за само 11 секунди. Деловите можат да бидат рециклирани, продадени или повторно употребени наместо фрлени.

Прибор за јадење од „Bakeys“ Лажиците се направени од ориз или пченица и доаѓаат во различни вкусови како ѓумбир, лук и ким. Имаат рок на траење две години, а можат да стојат во течност до 20 минути.

„Begging boomboxes“

 

3

 

Холандскиот уметник Дриес Верховен создал уметнички проект од радија кои свират и кои ги замолуваат минувачите да им фрлат некоја паричка, како начин да се посвети вниманието на сиромаштијата во Холандија.


Шишиња од алги


 

Студентот по продукциски дизајн Ари Јонсон ги прикажа овие шишиња за време на дизајн фестивалот во Исланд. Тој ги создал шишињата од пудра од алги и вода и тие се природно создадени и се јадат.


„Access Earth“

 

access

 

Мет Меккан ја создаде веб платформата „Access Earth“ откако барал да букира прифатлива хотелска соба. Откако пристигнал дознал дека собата всушност и не е аш прифатлива. Апликацијата им овозможува на корисниците да додадат и пребаруваат податоци за прифатливоста на хотелите и рестораните низ светот.


„m.Paani“

 

Технолошкиот претприемач Аканша Хазари ја освои Хулт наградата и 1 милион долари за поддршка на нејзината компанија „m.Paani“. Компанијата е мобилна технолошка алатка која им помага на луѓето да заработат награди за шопинг кој може да биде разменет за други значајни работи.


Twitter за слепите

 

твитер

 

Тwitter најави нова карактеристика која им помага на корисниците да додадат опис на нивните фотографии за слепите корисници да можат да ги прочитаат.


Еднократна лепенка за витални знаци Компанијата „VitalConnect создаде еднократна лепенка, во вид на фластер кој може да ги следи виталните знаци на пациентите до 4 дена - од дома во болницата.

Апликацијата „SMS Lifesavers“

 

3

 

Кога некој има срцев удар важна е секоја секунда - шансите на некоја личност за преживување се намалуваат до 10% со секоја минута. Една шведска дигитална агенција неодамна развија апликација за да им овозможи помош на луѓето. Апликацијата ги поврзува тренираните луѓе за кардиопулмонална реанимација.


Бактерија која може да разложи пластика
Само 14% од 342 милиони тони пластика се рециклирани секоја година. Научниците од Јапонија открија бактерија која може да ја разложи пластиката во рок од 6 недели.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија