X
 20.04.2016 Технологија

Како да го забрзате вклучувањето на компјутерот?

Се сеќавате ли на старите телевизори на кои им беа потребни неколку минути да покажат слика откако ќе ги вклучите? А, се сеќавате ли како се вклучувавме на интернет пред десетина години? Веројатно не ви недостасува чекањето, без разлика дали се работи за телевизорите или интернетот.


Но, постои нешто што се вратило назад наместо да напредува во поглед на технологијата. Порано, компјутерите биле подготвени за користење веднаш по вклучувањето. Сега, треба да почекате малку за да започнете да го користите компјутерот. „Fox news“ пишуваат за три начини со кои може да го елиминирате ова чекање.

Намалете ги програмите кои се вклучуваат автоматски

Едноставно е, колку повеќе програми и информации, толку подолго време за вклучување. Најдобро е да стопирате програми од автоматско вклучување при вклучување на компјутерот. Одете ваму: Start>>All Programs>>Startup. Сè што се наоѓа во оваа папка започнува да работи автоматски со вклучување на компјутерот. Избришете ги непотребните програми. Бришењето на програмите од оваа папка нема да ги отстрани програмите од компјутерот.

Одложете го почнувањето

Постојат некои програми кои сакате да се вклучуваат автоматски, но не сакате да ги користите автоматски. Програми како „Startup delayer“ ќе ги вклучува овие програми една по една, наместо сите одеднаш. Ова ќе го забрза вклучувањето на системот.

Обновете го харвдерот

Новиот компјутер, очекувано, работи побргу бидејќи има побрз хардвер и чист оперативен систем. Можеби не можете да си дозволите купување подобар хардвер. SSD (Solid-state drive) е побрз од обичниот компјутерски хард драјв, но е поскап.

Но, и ова се менува. Може да се купат SSD од 250GB за неколку илјади денари. Со оваа опција, оперативниот систем се користи речиси веднаш по вклучувањето, односно за 10-30 секунди.

Бонус: Не го исклучувајте компјутерот

Никој не вели дека мора да го исклучувате компјутерот ноќе. Впрочем, ова е еден голем компјутерски мит. Доколку се грижите за електричната енергија, ставете го во режим за хибернација или спиење.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија