X
 04.04.2016 Економија

"Проект Панама": Што треба да знаете?

Вчера протекоа бројни документи од над 140 офшор компании од Панама. Меѓу документите се докази дека сметки на познати политичари се користат за криење имоти од голема вредност. Меѓу политичарите се наоѓаат и Владимир Путин, премиерот на Пакистан, Наваз Шариф, претседателот на Украина, Петро Порошенко, премиерот на Исланд итн.



Што е „Mossack Fonseca“?

Тоа е адвокатска фирма од Панама која работела со офшор компании на места како Девствените острови. Фирмата се грижела за компаниите за годишна сума, а се грижела и за менаџирање на богатството на некои.

Каде се наоѓа?

Фирмата е панамска, но функционира на глобално ниво. Нејзината интернет-страница покажува глобална мрежа од 600 луѓе кои работат во 42 земји. Таа има франшизи низ целиот свет и работи во места кои се сметаат за даночен рај, како Швајцарија, Кипар и Девствените острови.

Колкава е?

Ова е четвртиот најголем обезбедувач на офшор-услуги. Работела за над 300.000 компании. Повеќе од половина од компаниите се регистрирани во места под Велика Британија.

Колку документи протекоа?

Многу, пишува „Гардијан“. Ова е еден од најголемите протекувања досега - поголем и од оној од Едвард Сноуден во 2013. Има 11,5 милиони документи и 2,6 терабајти информации извлечени од внатрешната база на податоци на фирмата.

Дали сите што користат офшор-сметки се измамници?

Не. Користењето офшор-сметка е легално. Постојат многу легитимни причини за правење на ова. Бизнисмените во земјите како Русија и Украина типично ги кријат своите имоти и вредности офшор за да ги одбранат од криминалците.

Дали има луѓе кои користат вакви структури, а се измамници?

Да. Во говор од изминатата година, Дејвид Камерун изјавил дека корумпираните криминалци и крадци ја користат предноста на анонимните компаниски структури. Владата во Велика Британија се обидува да стори нешто во врска со тоа. Од јуни, компаниите ќе мора да ги откријат своите сопственици за првпат досега.

Што вели фирмата за ова?

Фирмата одбила да дискутира за некои случаи, задржувајќи ја довербата на клиентите, но генерално се брани од сите обвиненија. Фирмата вели дека не може да биде обвинета за пропусти на банки, други фирми или книговодители.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија