Некои студенти навистина имаат среќа. Имено, Универзитетот во Калифорнија ќе го исполни сонот на многумина студенти кои не можат да го замислат животот без видео-игри.
Гејмерите во САД кои студираат сега може слободно да се препуштат на играњето игри бидејќи Универзитетот во Калифорнија сака да доделува стипендии за токму овие студенти.
Се планира стипендирање 10 студенти кои за 5.500 долари ќе учествуваат во тимови на турнири за играње игри како што се „League of legends“, „Dota“ и слично.
Целта на универзитетот е таканаречените „електронски спортови“ да се подигнат на ниво на традиционалните спортови.
Поради тоа, овој универзитет ќе ја изгради и најмодерната арена за електронски спортови, која ќе се простира на 350 квадратни метри.