Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми.
- Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму”, посочи Лутфиу.
Досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука.
- Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите и многу успех во секојдневното функционирање на Министерството за образование и наука, рече Адеми.