Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, Министерството испрати прашалник до училиштата, а е достапен и за целата јавност на следниот
линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење.
Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година, пишува во соопштението од Министерството за образование и наука.