Уште од самиот почеток на серијата, фановите на серијата постојано коментираат кој е главниот лик на „Game of thrones“ - и интересно е тоа што кога се чини дека откриваат кој всушност е тој лик, ликот е убиен.
Но, математичарите сега имаат
одговор - тие разработија која е вистинската ѕвезда од популарната серија со мапирање на секој од ликовите на доста интересен научен начин.
Ендрју Ј.Бевериџ, вонреден професор по математика на Макалестер колеџот и Џи Шан, дипломиран студент, искористиле научна мрежа, гранка на применета теорија за графикон која зема од неколку дисциплини, вклучувајќи ја економијата, социологијата и компјутерските науки за да испитаат како информациите протекуваат од една до друга.
Со тоа тие создадоа мапа од влијанието на „Game of thrones“ и покажуваат кој е главниот лик.
„Ова е имагинативна примена на мрежната наука. Но, на еден начин претставува пристапна апликација која покажува за што се користи математиката, а тоа е пронаоѓање и објаснување на моделите“, вели Бевериџ.
Тие дури и го објавија нивното истражување наречено „Network of Thrones“ („Мрежа на тронови) во списанието „Math Horizons“.
Ова е дефинитивно најважното математичко истражување на деценијата. Во истражувањето, научниците започнуваат со поврзување на ликовите секој пат кога тие ќе навлезат во „интеракција“ во третата книга, „A storm of swords“. Кога и да се појават два ликови во 15 зборови, додадена е поврзаност помеѓу нив.
Овие поврзувања не мора да бидат пријателства - особено со оглед на тоа што мал дел од ликовите остануваат пријатели во серијата. Ликот кој има најголем број поврзувања е највлијателен и всушност главниот линк.
Излегува дека Тирион има најмногу поврзувања од било кој друг лик во серијата.
Тие ги искористиле податоците и ги рангирале според неколку категории како што е на пример степен на централно место, кој ги рангира ликовите според тоа колку се поврзани со другите. Првиот рангиран лик беше Тирион, вториот Џон Сноу, а третиот Санса Старк.
Голем број од фановите мислат дека Денерис Таргариен, „Мајката на земјовите“ е најважниот лик во серијата. Меѓутоа, таа не се поврзува со многу други ликови бидејќи често е изолирана од нив.
„Денерис всушност ја претставува иднината - можете да видете што ќе се случи врз основа на луѓето со кои е поврзана“, вели Бевериџ.