X
 08.04.2023 Наука

Средношколки најдоа доказ за Питагоровата теорема

Две средношколки од академијата „Сент Мери“ во Њу Орлеанс направиле неверојатно математичко откритие кое ги восхити математичарите низ светот.

Келси Џонсон и Некија Џексон го претставиле своето откритие поврзано со Питагоровата теорема со помош на тригoнометриски методи за време на математички настан во САД.

Математичарите мислеле дека докажувањето на теоремата со тригонометрија секогаш би содржелo некаков скриен израз на самата теорема, но средношколките тврдат дека ја докажале теоремата без да ја користат самата теорема. Откритието е импресивно и во моментов се оценува од страна на математичари.


Питагоровата теорема постои повеќе од 2.000 години и се смета за една од основните теореми во математиката. Таа е основа за тригонометријата, а многу математичари се обиделе да најдат доказ за неа со помош на тригонометриски методи, но не успеале во тоа.

Двете средношколки сметаат дека го решиле проблемот и ја докажале теоремата користејќи ја Синусната теорема. Доколку се во право, нивното откритие може да го смени начинот на кој се учи Питагоровата теорема низ светот.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука