X
 31.07.2016 Наука

Четирите фази низ кои минува мозокот при решавање задачи

Дали некогаш сте се прашувале што прави мозокот додека вие се мачите на тест по математика?

Сега може да го видите тоа, благодарејќи на нови снимки направени за време на истражување кое ја анализирало активноста на мозокот кај луѓето кои решаваат математички проблеми. Како што се опишува во истражувањето објавено во „Психолошка наука“, истражувачите комбинирале две техники за снимање на мозокот - едната ги снимала моментите на активност на невроните, а другата ги следела активностите со текот на времето.


Начинот на кој луѓето решаваат математички проблеми бил целосна мистерија порано, открива авторот Џон Андерсон. Со новите техники, тие можеле да препознаат што мислат учениците во секоја секунда.


За почеток, тимот научници подучил 80 мажи и жени како да ги сфаќаат математичкте симболи и равенки кои не ги виделе претходно. Потоа, истражувачкиот тим им давал различни математички задачи во различни фази од размислувањето.

Сите учесници решиле 88 проблеми. Андерсон и неговите колеги успеале да препознаат четири различни фази: декодирање, додека учесниците ја читале задачата; планирање, додека мислеле на стратегија за решавање; решавање; одговарање со внесување на конечниот одговор. Истиот метод би можел да одговара и на други когнитивни процеси, не само на математички задачи.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука