X
 03.09.2023 Живот

Зошто повеќе уживаме во храната кога сме во кино?

Сигурно сте забележале дека кога одите на кино одеднаш сакате пуканки, грицки, а можеби и нешто благо. Ако мислевте дека е до вас, се лажете - зад овој феномен постојат низа логични научни објаснувања на зголемена желба за храна за време на кино-проекциите.

Желбата за храна, дури и за обична храна како пуканки, станува многу поголема кога светлата се исклучуваат, а научниците откриле дека зад оваа појава стојат многу психолошки фактори. Што е тоа што нè искушува да посегнеме по храна, опкружени со темнина и осветлени од сјајното кино-платно?

Помалку светлина, повеќе задоволство

Како што покажуваат истражувањата, постои силна врска помеѓу нашето ниво на задоволство и осветленост, а темнината е таа што нè поттикнува да каснеме уште некој залак, без грижа на совест или размислување за калориите. Таа „сензорна компензација“ можеби најдобро се објаснува со кинематографската темнина - кога ни е одземено едното сетило, другото станува поизострено и пожелно за сензации.

- Кога ќе го намалиме осветлувањето, ние сме поопуштени, што обично го зголемува нашето задоволство. Сосема е сигурно дека ќе јадеме малку повеќе бидејќи нашиот фокус е на друго место и не обрнуваме внимание, но и затоа што не се грижиме - вели Сара Лефевр, вонреден професор по маркетинг на Универзитетот „Мареј“.

Пригушеното светло не само што нè поттикнува да јадеме повеќе, туку влијае и врз нашата одлука за тоа што да грицкаме, а колку е потемна просторијата, толку повеќе сме склони да правиме помалку здрав избор на оброци. Во кината овој ефект е дополнително зајакнат, па оттука и објаснувањето за пуканките - целото внимание е насочено кон текот на дејството, па тие исчезнуваат од кутијата.

Влијание имаат и пониските температури во кината

Никому не му е познато дека температурите во кино-салите се често пониски отколку во самиот трговски центар, или надвор (освен кога е зима), а ова е само уште една во низата тактики кои кината ги користат за да ни ја зголемат желбата за храна. Тие неколку степени помалку можат да имаат силно влијание врз нашиот метаболизам, а бидејќи практично не се движиме додека гледаме филм, телото почнува да се лади. За да не замрзне целосно, во нашето тело „се вклучува“ механизмот за загревање кој троши дополнителна енергија и наеднаш огладнуваме.

Она што го гледаме исто така е важно


И темата на филмот и активностите на главните ликови можат да ги обликуваат нашите желби. Но, што е финтата? Кога некој филмски херој ни е близок по ставови и однесување, ние како публика се занесуваме од приказната и потполно несвесно се поистоветуваме со него, па ако додека гледа филм ужива во вечера со пријателите или сочен бургер, нашата желба за храна расте пропорционално со секој нов кадар. Забележан е и трендот на консумирање одреден вид храна, карактеристичен за некои филмови. Така, на пример, за време на прикажувањето на филмот за нинџа-желките, се зголемил бројот на продадени пици во кината и блиските киосци за брза храна - затоа што пицата е омилената храна на славната четворка.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот