X
 07.06.2022 Здравје

Што ќе се случи ако секој ден јадете банани?

Сите пораснавме слушајќи дека ако јадеме по едно јаболко на ден, можеме да заборавиме на лекарите, но се покажа дека придобивките од бананите може да бидат исто толку добри. Еве што ќе се случи во вашето тело ако јадете банани секој ден.

Бананите се полни со витамини и хранливи материи, а кога ги јадете редовно, помагаат во одржување и подобрување на целокупното здравје.

Сепак, со бананите не треба да се претерува и треба да се ограничите на една до две банани дневно. Премногу од која било храна, дури и здрава како бананите, може да доведе до дебелеење или недостиг на хранливи материи.

Ако јадете банани секој ден, ќе се соочите со неколку работи:

Подобро варење на храната

Според прегледот на студијата од 2017 година објавена во „Нутришн булетин“, бананите содржат скроб кој влијае врз зголемување на производството на масни киселини - неопходни за здравјето на цревата.

Може да изгубите тежина

Бананите се полни со растителни влакна и протеини, така што ќе ве одржуваат сити подолго време.

Можете да го подобрите здравјето на кожата


Бананите содржат витамини и минерали, особено манган, кој го зголемува нивото на колаген.

Ќе го подобрите нивото на енергија

Кога се јадaт пред или по тренинг, бананите може да бидат клучни за подигнување на нивото на енергија и спречување на чувството на замор во текот на денот.

Ќе го зголемите внесот на калиум

Бананите се познати по калиумот, а тој може да помогне во зајакнувањето на срцето. Повеќето луѓе не консумираат доволно калиум, што често може да има директно влијание врз контролирањето на крвниот притисок и другите компоненти на здравјето на срцето.

Исхраната богата со калиум, или секојдневното консумирање банани може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 27 отсто. Затоа, време е да го додадете ова омилено овошје во вашата дневна рутина.

Ќе ви се подобри видот

Според Националниот институт за здравје, бананите содржат витамин А, кој ги штити очите, го одржува нормалниот вид и го подобрува ноќниот вид.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје