Нешто огромно, околу 1.000 пати поголемо од Земјата, ја блокира светлината која доаѓа од далечна ѕвезда позната како KIC 8462852, а никој не знае за што станува збор.
Астрономот Табета Бојаџан го истражувала ова небесно тело кога еден нејзин колега предложил: Би можела ли да биде мегаструктура изградена од вонземјани?
Таквата идеја би барала силен доказ. Во нејзиниот говор, Табета објаснува како астрономите се соочуваат со непознатото.