X
 07.03.2021 Наука

Вода и органска материја откриени на астероид

Група научници откриле вода и органска материја во мал примерок од астероидот Итовака, на кој пристигнала мисија на Јапонската вселенска агенција во 2010 година. Ова е првпат како се откриваат вакви материи на астероид.

Истражувачи од факултетот „Ројал Холовеј“ при Универзитетот на Лондон анализирале една трошка во која имало загреана и незагреана органска материја, а двете биле оддалечени 10 микрони една од друга. Тоа покажува дека астероидот бил загреан на температура од над 600 Целзиусови степени во минатото, но и дека собрал органска материја откако се изладил.


Фото: Royal Holloway

Истражувачите велат дека астероидот можеби се менувал милијарди години собирајќи материјали додека се движел во вселената. Тие откриле и дека најчестиот вид астероиди што доаѓаат на Земјата, оние од типот С, може во себе да содржат компоненти кои претставуваат основа за живот. Научниците претходно се фокусирале на истражување на астероиди од видот Ц како потенцијален извор на животот на Земјата.

Јапонската вселенска мисија испратила повеќе роботски летала со цел да соберат примероци од астероиди во близина на Земјата и да ги вратат на Земјата за детална анализа. Мисијата до астероидот Итокава била една од првите во серија вакви мисии.

Автор: Крис Јанг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука