X
 11.04.2016 Технологија

Дали е ова почетокот на крајот на Фејсбук?

Дали сте забележале дека не го користите толку „Фејсбук“ како порано? Можеби сè уште ја отворате апликацијата повеќепати дневно за да ги проверите известувањата и да разгледате некоја објава, да коментирате на некое видео, да „лајкнете“ некоја приказна, но кога станува збор за вашите лични објави, како фотографиите од патувањата, известувањата за работа итн, не споделувате толку како порано.


Доколку се пронајдовте, не сте единствени. Во последните неколку месеци, компанијата тивко преоѓа во криза. Според „The information“, објавите на корисниците се намалени за 21% од 2014 до 2015 година, со што вкупното споделување се намалило за 5,5%.

Соодветно на тоа, компанијата создала тим во Лондон кој има мисија да создаде стратегија за да ги принуди луѓето да споделуваат повторно. Помеѓу мерките преземени досега се промената во алгоритмот за новостите кој им дава предност на оригиналните статуси наместо професионална содржина, како вести или вирални видеа.

Потоа, компанијата ја претстави и новата опција за пренос во живо за сите корисници. Ова е неверојатна промена за компанијата, особено поради фактот дека во изминатите години ставаше акцент на медиумските компании и познатите личности, со што компанијата се обидуваше да привлече повеќе реклами.

Оваа стратегија сега изгледа како погрешна. Сѐ повеќе луѓе не споделуваат, а можеби сте забележале дека на вашата почетна страна на социјалната мрежа почесто наоѓате објави од луѓе кои имаат да кажат повеќе наместо луѓе кои вам ви се најбитни.

Според „The information“, над 60% од корисниците не споделуваат лични содржини барем еднаш неделно, додека остатокот споделуваат просечно 5 објави неделно. Она на што се фокусира компанијата повеќе не е содржината, туку количеството споделени објави, пишува „Inc.“ А, тоа го прави преку повеќе експерименти, како предизвици со студена вода, вести, а сега и видеа во живо.

Бројот на корисници на социјалната мрежа расте, и покрај ова. Но, уште колку долго?

Порано или подоцна, секој корисник можеби ќе се запраша зошто го троши времето на „Фејсбук“ - место кадешто личното споделување се намалува, како и вредноста на објавите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија