X
 11.04.2016 Образование

Начини на заработка без факултетска диплома

Според Организацијата за економска соработка и развој, само 46% од студентите дипломираат, на глобално ниво. Едно истражување покажува дека дипломците на возраст од 25 до 32 години заработуваат 17.500 долари повеќе од оние кои немаат диплома на истата возраст во САД. Меѓутоа, земајќи ја предвид цената на студирањето и моменталната ситуација на пазарот на труд, дали факултетската диплома навистина вреди? „Entrepreneur“ наведува неколку начини на кои може да се заработува без диплома.


Започнете бизнис за услуги


Да се започне бизнис со нудење услуги обично е најлесниот вид бизнис за започнување. Потребна ви е вредна вештина за која луѓето би ви платиле. За почеток, можеби нема да заработувате многу со нудење на една услуга, но може да продолжите со нудење пакети и фокусирање на квалитетот.

Инвестирајте во недвижнини

Секој со капитал може да влезе во бизнисот со инвестирање во недвижнини и да започне бизнис за изнајмување место. Дали знаете како да го правите тоа? Работете со некој искусен. Сајтови како „Realty mogul“ ќе ви помогне со тоа.

Нудете консултантски услуги

Размислувајте пошироко од едноставно нудење услуга за час. Наместо тоа, поставете се како советник, односно консултант и бидете платени засподелување совети за она во што сте најдобри.

Создадете производ

Интернетот е полн со производи како лични блогови или страници. Станете дел од интернет-страница на која се продаваат музика, книги, софтвер, филмови и повеќе.

Изнајмувајте

Многу компании за изнајмување започнале со само еден човек кој започнал да ја изнајмува својата опрема или алат. За да се инспирирате, погледнете што прават луѓето на „Craiglist“ и бидете креативни.

Започнете авантура

Некоја авантура може да биде почеток на вашиот нов живот. Може да станете инструктор по нешто кое сакате да го правите. Станете дел од туристичка агенција или компанија која нуди уникатни искуства и започнете со работа.

Барајте специјални огласи кои не бараат диплома

Постојат многу кариери кои се добро платени и не бараат диплома. Детектив, програмер, па дури и пилот бараат сертификати и тренинг, но не секогаш бараат факултетска диплома.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование