X
 15.12.2021 Живот

Давањето отказ може да биде добро за вашето ментално здравје, советува принцот Хари

Принцот Хари советува да дадат отказ луѓето што се чувствуваат заглавени на работните места што не им носат радост. Тој рече дека напуштањето на работата е нешто што треба да се прослави, по речиси две години од неговото жестоко заминувањето од кралското семејство.

Војводата од Сасекс, кој живее во куќа вредна 11 милиони фунти во Калифорнија и има низа договори со компании што му плаќаат за да ги претставува нивните брендови, вели дека луѓето треба да го напуштат своето работно место за да ја стават среќата на прво место.

Коментарите на 37-годишниот принц се однесуваат на тоа дека тој и неговата сопруга Меган Маркл минатата година се повлекоа од кралското семејство и ја напуштија Британија.

Исто така, Хари рече дека светот е на почетокот на будењето за менталното здравје и зборуваше за тоа дека тој ќе ја продолжи дискусијата за менталното здравје.

Но, Киран Бојл, управен директор на „Си-кеј-би Рекрутмент“ од Глостер, Британија, вели дека Хари не е во допир со реалноста.

- Овој човек не живее на Земјата, нели? Секако, повеќето луѓе би сакале да ја напуштат работата што ја мразат, но реалноста е сосема поинаква. Огромен број од вработените може да загубат многу доколку се одлучат да ја напуштат работата. Можеби принцот треба да го вклучи мозокот пред да почне да зборува - вели тој.

hari
Фото: Instagram

- Ако човек ја напушти работата без претходно да има средства за егзистенција, прилично сум сигурен дека стресот за тоа како ќе го обезбеди следниот оброк може да биде еднакво лош за неговото ментално здравје - коментираат некои од експертите.

Скот Галахер, директор во „Роули Туртон“, вели дека давањето отказ без претходна финансиска поддршка не доаѓа предвид.

- Иако се согласувам дека никој од нас не треба да биде заглавен во работа што ја мрази, да даде отказ без претходен „фонд за итни случаи“ или замена за друга работа би било апсурдно. Немаме сите доверлив фонд на кој можеме да се потпреме - вели Скот.

Хари и Меган склучија неколку профитабилни зделки по нивното преселување во Калифорнија, каде што сега живеат во огромна куќа во Монтесито.

Минатата година беше откриено дека потпишале повеќегодишен продукциски договор со „Нетфликс“ за документарни филмови, филмови и детски програми.

Исто така, тие објавија договор за поткастинг со „Спотифај“ за производство на содржини. Се смета дека и двата договори вредат десетици милиони долари.

Извор: Daily Mail
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот