X
 24.12.2020 Здравје

Бремените жени ослободени од работа со физичко присуство до завршување на пандемијата

Со владина одлука бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место до завршување на пандемијата на Ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација.

Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во „Службен весник“ на 04.11.2020 година.

Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје