Докторите предупредуваат на тоа дека и пролетното, а не само „летното“ сонце може негативно да влијае на кожата ако таа не се заштити на соодветен начин.
Професорката на Универзитетот 18 март во Чанаккале, Зерин Огретмен вели ека ултравиолетовите зраци (УВ) не се штетни само во текот на летото, туку од нив треба да се заштитиме и во текот на пролетта, односно цела година.
УВА зраците се присутни во текот на цела година и можат да влијаат дури и на луѓе кои седат до прозорец.
„УВБ зраците се појавуваат најчесто во текот на летото. Сепак, уште од пролетта се чувствува нивното влијание. УВА и УВБ зраците се канцерогени. Истовремено УВА зраците создаваат и пигментни дамки. Поради тоа е потребно секогаш да се штитиме од сонцето. Светлосните зраци кои произлегуваат од сонцето секогаш стигнуваат до земјата, дури и тогаш кога времето не е сончево.
Како што истакнува, сончевите зраци имаат предности и недостатоци, а недостатоците помеѓу останатото се тоа што можат да предизвикаат пигментни дамки, рак на кожата и други кожни заболувања. Професорката како заштита препорачува помалку престојување на сонце, користење препарати за заштита од сонцето, поширока облека како и капи или шешири.
Покрај тоа, таа истакнува дека при изборот на препарати за заштита од сонцето треба да се избираат оние кои не содржат канцерогени состојки, односно овие препарати треба внимателно да се изберат за да не предизвикаат алергија или нешто слично.
„Кога избирате препарати треба да го знаете вашиот тип на кожа и според тоа да ги изберете“, нагласува докторката и додава дека правилната исхрана е особено важна за здрава кожа, како и соодветно консумирање на овошје и зеленчук.