X
 11.04.2016 Живот

Зошто најпаметните луѓе прават најглупави грешки?

Најбистрите луѓе и најсилните лидери некогаш прават грешки кои другите луѓе не ги прават. Тоа е тема за која научниците разговараа оваа недела. Еве што имаат тие да кажат.

 

паметни


„Добро е да се биде паметен. Интелигентните луѓе заработуваат повеќе пари и стекнуваат поголемо богатство, а дури постои и тврдење кое вели дека живеат подолго. Но, постои и друга страна од приказната. Интелигентните луѓе ги следи репутација дека прават глупави грешки, особено во ситуации во кои е потребно човек да се служи со здрав разум“, вели Травис Бредбери, директор на компанијата „TalentSmart“.

Научниците можеби конечно имаат објаснување зошто е тоа така. Имено, интелигентните луѓе имаат тенденција да кажат нешто пред добро да размислат за него, а истражувањето покажува дека рационалното размислување и интелигенцијата не одат заедно.

Два универзитети открија дека паметните луѓе се склони кон тоа да даваат погрешен одговор бидејќи прават повеќе ментални грешки во текот на решавање на проблемите.

Паметните луѓе прават глупави грешки поради таканаречени слепи точки во употребата на логиката. Овие точки постојат затоа што паметните луѓе имаат тенденција да бидат доста самоуверени бидејќи веруваат дека секогаш се во право па не забележуваат кога во брзина даваат погрешен одговор.

Ова се причините поради кои паметните луѓе прават глупави грешки:

1. Премногу се самоуверени
2. Имаат потреба секогаш да бидат во право
3. Тешко прифаќаат туѓо мислење
4. Премногу вршат притисок врз другите луѓе
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот