X
 23.07.2016 Живот

Зошто паметните луѓе ги копираат добрите идеи?

За да успеете не мора да измислите нешто. Најиновативните и вредни технолошки компании во САД кои всушност копираат идеи. Убер, Фејсбук и Епл се оперативни системи кои се базирани на други идеи. Сите овие компании го должат својот успех на едно ефективно правило: гледајте го продуктот на вашиот спротивник, а потоа направете го подобро од нив.


Во 2011, Марк Андерсен напишал статија наречена „Софтверот го јаде светот“ каде вели дека софтверот ја оштетува секоја индустрија. Истото се случува со маркетингот - скоро секој сектор е трансформиран во нови начини на пристапување до клиентите.

Тоа како претприемач значи да бидете постојано во тек со новините на маркетингот што би ви донело повеќе клиенти и изградување на голема компанија. Во 2012 кога Фејсбук објави мобилна верзија, не биле генерирани некои значајни приходи од продуктите кои ги нуди мобилната верзија, и можноста за успех не успеала.

Но ова е само груба претпоставка за маркетингот на Фесјбук. Денес 80% од приходот од рекламите на Фејсбук доаѓаат од мобилните верзии. Сепак многу компании го имаат испробано ова, но не виделе успех толку брзо.

Што направи Фејсбук толку различно? Зукерберг направи нешто со што само најхрабрите главни извршни директори можат да се справат. Тој ја присилил целата компанија да ги префрли сите корисници и да ги „заклучи“ во мобилната стратегија, односно да се направи мобилната верзија централен фокус на Фејсбук.

Fortune.com пишува дека за подигнување на голема компанија треба да се следат следните три чекора:

1. Најдете го клучното барање од вашите клиенти


Треба да дознаете кои се работите кои вашиот клиент е најмногу заинтересиран. Потоа треба само да се специфицирате за тоа.

2. Длабоко разберете ја праксата


За да го направите ова треба да ја деконструктирате стратегијата и тактиката на најсилните компании. Потоа треба да експериментирате со различни бројки додека најдете некоја кога функционира.

3. Експериментирајте!

За да бидете најдобри во полето на маркетингот треба да бидете креативни и да најдете најдобра пракса за вашата индустрија. Затоа треба да бидете отворени за правите многу неконвенционални работи и да експериментирате.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот