Кога согласно настаните создадени од Човекот, стане неопходно еден народ да ги раскине
обврските со друг и да го завземе своето место меѓу моќните и еднаквите на земјата кое законите
на природата и Бога му ги дале, со почитување на мислењето на човештвото ги обрзува да ги
објават причините што ги натерале на таквото раскинување. – Томас Џеферсон во деклрацијата за независност.
Падот на Републиката е термин којшто означува една состојба на целосна апатија на едно
општество, мнозинство на поединци собрани околу општествениот договор чијашто должност е
да ја штити заедницата од трулото во неа, нечовечкото и недостоинственото на најсовршеното
битие на планетата земја... барем така ние мислиме.
Правото како инструмент на Републиката и официјално закопано од страна на слободомрзците
кои мислејќи дека со два три потписа ќе го успијат засекогаш, но тука настанува периодот на
погрешната математика, кога недобро пресметано и разбрано, правото го враќа ударот, затоа што
тоа е клучниот инстурмент за заштита на Републиката.
Дали Републиката е наше дете или ние сме деца на Републиката е небитно, битно е дека ние сме
заштитници на Републиката, а Републиката е заштитник наш. Суштината на Републиката е правото
затоа што таа е чадорот околу кој сме собрани и не штити од негативните влијанија, но ние треба
да го чуваме тој чадор од трулото меѓу нас.
Дрвото на слободата од време на време се полева со крвтта на патриотите.
Да не дозволиме ова да се случи.
Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.