Фото: Carlos Folgoso Sueiro
Околу 8.500 километри источно од Москва и 820 километри западно од Јакутск, во Република Саха, постои град кој го должи своето постоење на откривањето на дијамантскиот депозит: Мирни. Основан во 1956 година, градот го добил името од џиновската јама - рудникот за дијаманти наречен Мир - кој се наоѓа на периферијата. Во деновите од Советскиот Сојуз, кога трговијата со дијаманти била стратешка предност, Мирни бил затворен град. Ниту еден странец не можел да го посети; дури и за Русите била потребна посебна дозвола за да влезат.
Во 2000 година бројот на населението достигнал 40.000 жители. Една година подоцна, работата во јамата Мир запрела, а населението започнало да се намалува. Со сегашната популација од околу 35.000, Мирни продолжува да постои само поради една причина - дијамантите. Во 2009 година бил направен обид да се повратат последните дијаманти од депозитот; според најновите географски истражувања, ќе има дијаманти уште за наредните 30 години. Најверојатно, производството ќе престане до 2050 година.
Мирни е пример за она што Русите го нарекуваат „моногород“ - град во кој доминира една компанија. Околу 50% од жителите на Мирни работат за „Alrosa“ (еден од водечките светски рудници за дијаманти). Во Мирни, „Alrosa“ исто така има и авиокомпанија, хотели, културни институции и агенции за недвижнини. Исто така, компанијата учествува во политичкиот живот. Накратко, градот е речиси целосно зависен од одлуките и инвестициите на „Alrosa“.
Условите за живот во Мирни се уникатни. Со 7 месеци зима, Мирни страда од пролонгирани периоди на екстремен студ, при што температурите достигнуваат до -40°C. Областа, која е во центарот на Сибир, исто така е прилично изолирана. Сè уште постојат траги од стариот Советски Сојуз, а многу жители копнеат по комунистичката ера. Сето ова се меша со суровите услови за живот својствени за живеење на толку студено време.
Како и самата промена на земјата, и
иднината на Мирни е неизвесна. Луѓето кои живеат таму се свесни дека судбината на градот е поврзана со каприците на една огромна компанија.
Линк до галеријата.