X
 06.06.2016 Образование

Кога наставникот не го сака вашето дете...

Кога бев во деветто одденелние, наставник по хемија ми беше Раде. Раде беше шовинист кој веруваше, и често го кажуваше тоа, дека девојките не се „опремени“ да учат хемиски равенки. Се борев со овој предмет не само поради материјалот, туку и поради тоа што бев потценета од наставникот.

Тој ме исмејуваше кога ќе поставев прашања, строго ме оценуваше и отворено ни кажуваше нам девојките дека залудно си го губиме времето. Добив 4-ка за овој предмет, и до ден денес, од периодниот систем на елементите ми лазат морници.

30 години нанапред. Денес сум мајка на две прилично паметни деца. Училиштето во кое учат моите деца е познато по нивните грижливи наставници и силниот административен персонал. Моите деца добија одлично образование досега и имаат среќа со нивните одлични наставници. Толку што, некои од нив ни станаа и семејни пријатели.

Освен една година, кога на еден наставник бесрамно не му се допаѓаше нашиот син.

Нашиот син е интелигентно момче, и како такво, воопшто немаше проблеми во текот на неговото образование. Математиката му доаѓа природно. Тој е совесен ученик, и додека неговите оценки не секогаш го одразуваат неговиот интелект, генерално тој е совршен ученик.

Проблемот се појави пред неколку години. Можеби тоа беа хормони, потежок материјал или комбинација од двете, тој се мачеше да ја пронајде својата основа во првите неколку недели. Заборавена домашна задача, пониски поени на тестови и изгубена навика за учење - сето ова стана навика. Постојано разговаравме со него, се расправавме за неговите оценки и конечно, после неколку поминати месеци од учебната година, тој со солзи во очите призна дека не го сфаќа материјалот на еден од часовите.

Иако не верувам во тоа дека родителот треба да ги води битките на своите деца, верувам дека сме нивниот застапник кога се борат со образованието, такашто закажав средба со наставничката. Кога се сретнавме, бев шокирана од она што таа ми го кажа. Таа ми рече дека не мисли дека мојот син е паметен колку што тој мисли дека е и дека не ѝ се допаѓа многу. Ме гледаше во очи и имаше храброст да ми каже дека не ѝ се допаѓал мојот син.

Сега, повеќето од вас очекуваат да кажам дека се борев назад и го бранев. Мојот инстинкт беше да ѝ ги набројам сите причини зошто таа греши, но одлучив да молчам. Моите очи беа полни со лути солзи, и ја искористив цела моја сила да се спречам себеси и да не ѝ се нафрлам и физички да ја нападнам. Едноставно ги прифатив нејзините остри коментари и достоинствено ја напуштив средбата. Ми беше јасно - и мојот син го пронајде својот „Раде“. Неговата наставничка имаше оформено мислење после многу години предавање и таа никогаш нема да го промени. Моја задача беше да го опремам мојот син со алатки за да се справи со еден наставник кој не го сака.

Си отидов дома и имав искрен разговор со него. Нежно му кажав што кажа неговата наставничка и што таа чувствува. Во нашиот разговор, тој ми рече дека знаел дека не ѝ е миленик, но за него тоа било во ред. Ми рече дека бил одлучен да ѝ докаже дека греши и дека може да го совлада материјалот. На крајот од разговорот ми се насмевна и ми рече: „Човече, ќе ја изедам жива ако добијам петка“. Знаев дека се' ќе биде во ред.

Останатиот дел од годината тој учеше напорно, бараше помош за тешките концепти и постојано работеше на предметот. Бев пресреќна кога дома дојде со петка во свидетелството. Го прашав дали наставничката искоментира нешто, а тој ми рече дека дала сурова забелешка дека тој никогаш нема да го усоврши предметот, без разлика на тоа колку напорно работи. Тој ја погледнал и рекол: „Можеби нема да го усовршам, но дефинитивно сум подобар. Подобрувањето е исто толку важно“. Ме воодушеви со неговиот одговор.

И наставниците се луѓе, го сфаќам тоа. Невозможно е од нив да се очекува да го сакаат секое дете кое ќе дојде во нивната училница, а искуството ми кажува дека повеќето наставници се најголеми професионалци кога станува збор за ставање на нивните лични чувства настрана. Иако ми беше тешко да стојам настрана и да го оставам моето дете да биде потценето од својата наставничка, сепак задоволна сум што му верував дека ќе биде доследен на предизвикот. Тој се'уште раскажува како ова искуство го направи посилен и како откри што може да направи ако се одлучи да реализира одредена задача. Децата секогаш ќе не' изненадат ако ги оставиме.

Што се однесува до мене, можеби се'уште не можам да направам одреден хемиски експеримент, и знам само еден знак за хемиски елемент, но тоа е во ред. И наставнику Раде? Добив 10-ка по хемија на факултет и чувството беше и повеќе од одлично!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование