X
 17.04.2016 Образование

Разликите помеѓу финскиот и македонскиот образовен систем

finska

 

Образованието во Финска е образовен систем без школарина. Тој се состои од програми за деца (бебиња и мали деца), предучилишна програма која трае една година (градинка за шест годишни деца); деветгодишно задолжително основно училиште (од седум години до петнаесет), средно општо академско и стручно образование; високо образование (Универзитет и Универзитет за применети науки) и возрасно (доживотно) образование.


Финската стратегија за постигнување еднаквост и квалитет во образованието се основа на изградбата на јавно финансиран сеопфатен систем на училиште без селектирање и следење на учениците за време на нивното основно образование.

После 9 годишното основно образование, учениците на возраст од 16 години избираат дали да го продолжат образованието или по академски пат или да се одлучат за стручно образование - и за двете обично се потребни три години за да добијат квалификација за продолжување и запишување на повисоко образование. Високото образование е поделено на универзитет и универзитет за применети науки.

Градинката се смета за суштинско значење за развивањето и подготовката на децата за доживотното образование, нивните комуникациски вештини како и формалното учење на читање и математика. Овој подготвителен период трае до 7 години.

Овој степен на образование го нагласува почитувањето на индивидуалноста на секое дете и му дава шанса на децата да се развијат како уникатни личности. Наставниците ги водат децата кон развивање на социјални и интерактивни вештини, ги охрабруваат да се грижат за потребите и интересите на другите луѓе и да имаат позитивен став кон другите култури и различните средини. Целта е децата да станат независни, да можат да се грижат за себе, да започнат да донесуваат одговорни одлуки, да бидат продуктивни за општеството и да се грижат за другите луѓе.

Со цел да се поттикне културата на читање, на родителите на новороденчињата им се дадени 3 книги како дел од породилното на мајката. Финските експерти велат дека првите пет години од животот на детето се критична фаза за доживотно учење. Бесплатните градинки се воведени уште во 1990 година, а една година предучилишно образование е воведено во 1996 година. Доколку сака мајката, државата и` плаќа три години породилно.

Основното одделение е задолжително и трае девет години. Не постојат програми за „надарени“ деца“, а од подобрите ученици се очекува да им помогнат на послабите.

Кога станува збор за наставниците, тие ги следат упатствата од наставната програма обезбедена од државата, меѓутоа имаат голема доза на автономија кога станува збор за методите на наставата, а дадена им е слобода да изберат учебници по кои ќе работат. Класот се состои од најмногу 20 ученици. Од учениците се очекува на самиот почеток да научат плус два јазици (освен финскиот и шведскиот). Училишните предмети најчесто се уметност, музика, готвење, столарија, текстил и слично. Малите класови е причината зошто образованието е на толку високо ниво. Во самите училишта атмосферата е опуштена и неформална, а учениците најчесто не носат чевли. Многу се важни активностите на отворено, дури и кога е доста студено, домашните задачи се минимални со цел да остават простор за воннаставни активности.

Читањето од задоволство активно се охрабрува, а телевизиите странските програми ги прикажуваат со превод од оригиналниот јазик со цел децата да читаат додека гледаат телевизија. Во училиштата нема формални оценки, а напредокот на учениците се документира преку издавање на извештај два пати годишно - на крајот на есента и во текот на пролетта. Тестови нема. Ако ученикот се покаже како слаб, тој ќе мора да ја повтори годината, а постои и можност учениците да работат со помош и со тутор.

 

1
Финскиот образовен систем


Средното училиште започнува на 16 или 17 години, и трае 3 или 4 години, и не е задолжително.

Финскиот образовен систем наспроти македонскиот

Голем дел од експертите се обидуваат да дадат точен одговор на прашањето: „Зошто финскиот образовен систем е еден од најдобрите и функционира беспрекорно?“ Тие откриваат дека една од причините е што децата ретко имаат тестови или прават домашни задачи се` до нивните тинејџерски години. Токму и затоа Финска е највисоко рангирана европска земја кога станува збор за ПИСА тестирањето, тест кој Финска го спроведува секоја година, додека за Македонија последните податоци се од 2002 година, кои беа поразителни за нас - од вкупно 42 држави, Македонија се наоѓаше на 31-то место.

 

2
Македонски образовен систем

 

Работното време на наставниците и платите на наставниците


Наставниците поминуваат помалку часови на училиште и во училниците. Тие имаат доплнителни часови за подготовка на наставните програми и часовите. Со тоа тие се помалку под стрес и притисок. За разлика од нив, македонските наставници поминуваат подолго време на училиште и најчесто саатите ги поминуваат пишувајќи во е-дневниците и сета таа паралелна документација. Македонските наставници мораат да водат дневник во текот на работното време, а додека се дома (најчесто навечер, поради оптоварување на системот) мораат да ја водат електронската документација. На тој начин, наставниците сета енергија ја насочуваат кон административните задачи, наместо да ја насочат кон креирање на интересна настава за учениците. Со тоа се создаваат немотивирани наставници и секако, ова повлекува лошо образование. Освен тоа, македонските наставници се соочуваат со казни и награди, нешто што не може ни да се даде како пример во Финска и секако, имаат високи плати еднакви како оние на професорите на универзитетите, со што се докажува дека нивната професија и тоа како се цени. За споредба, платата на наставниците во Финска достигнува до 35.450 евра годишно (или околу 3.000 евра месечно), додека платата на македонските наставници изнесува приближно 5.417 евра на годишно ниво (или околу 400 евра месечно).

 

Квалификациите и образованието на наставниците


Кога станува збор за образованието на наставниците, во Финска, само 10% од дипломираните наставници се вработени во образование, а високите стандарди за запишување на педагошките факултети влијаат наставниците да бидат најдобри - тие примаат само еден студент на секои десет. Но, во Македонија наставник може да биде секој, па така излегуваат голем број кадри од Педагошките факултети, и секако, не постои селекција со која би се одредило вработувањето на наставниците.


Тестови и екстерно тестирање


За разлика од финското образование, каде стандардизираното тестирање е сведено на минимум, во Финска постои само еден тест кој се прави на 16 годишна возраст, македонското образование како да не се доволни тестовите и писмените кои постојано ги прават на секои три месеци (и во меѓувреме наставните ливчиња), владата воведе и екстерно тестирање чиј „успех“ е дискутабилен. Екстерното тестирање не само што нема никаква цел, туку и предизвикува огромен стрес за учениците со оглед на тоа што треба да одговорат на повеќе од 1.000 прашања во период од 5 дена. Дополнително на тоа, прашањата од екстерното изобилуваат со глупости, банални грешки и секако проблеми за време на полагањето.

Факултетите, како и магистерските и докторските студии се бесплатни во Финска, а ова важи и за странските студенти кои се запишуваат на финските факултети. За жал, во Македонија студентите се`уште мораат да плаќаат партиципација на факултетите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование