X
 20.05.2018 Образование

Позитивни УКЛО искуства: Учество во натпреварот за симулација на процеси пред Европскиот суд

Клубот "Titus Flavius Orestes" од Правниот факултет, УКЛО, од 04.05-06.05.2018 година учествуваше на Pre moot court натпреварот за симулација на процеси пред Европскиот суд за човекови права кој во организација на Правниот факултет - Ниш, се одржа во Ниш, Република Србија. На натпреварот каде покрај три екипи на домаќинот, учествуваа уште и екипи од Правниот факултет во Крагујевац и Правниот факултет во Бања Лука, нашите студенти го освоија второто место во својата група, односно четвртото во генералниот пласман.

2

Овој натпревар претставуваше можност за студентите да се стекнат со искуство и знаење пред FUTURA натпреварот кој треба да се одржи за околу два месеци во организацина на Civil Rights Defenders. Студентите работеа под менторство на доц.д-р Ангелина Станојоска и доц.д-р Мирјана Ристовска, и тоа како апликант: Мартин Трајковски, Мерита Шахин и Невена Димовска, додека како респондент: Ангела Јовчевска, Никола Ристевски и Ивана Марковска.

Клубот „Titus Flavius Orestes” постои од 2017 година кога првата генерација од шест студенти учествуваше на VI FUTURA moot court натпреварот. Целта за формирањето на ваков клуб е на студентите да им се овозможи учество на регионални и меѓународни moot court натпребари од областа на човековите права, Европската конвенција за човековите права и Европскиот суд за човекови права. Оваа година, нова генерација од шест студенти учествуваше на pre moot court натпревар на Правниот факултет во Ниш, кој ќе им помогне да се подготват за VII по ред FUTURA. – рече доц.д-р Ангелина Станојоска.

3

Ваквиот вид натпревари на студентите им овозможува да се стекнат со знаења за Европската Конвенција за човекови права, како и механизмите за заштита при нејзиното прекршување. Исто така, студентите преку симулацијата на процесите пред Европскиот суд за човекови права учат за работата на судот, но и го подобруваат својот јавен настап, правно размислување и се стекнуваат со практично искуство. – рече доц.д-р Мирјана Ристовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование