X
 04.11.2015 Економија

Сите жители на Финска ќе добиваат 550 евра месечно

Финската влада ќе им дава по 550 евра месечно на сите свои граѓани, без разлика дали се вработени или не. Се работи за експериментална фаза, а подоцна приходот ќе изнесува 800 евра.


Надоместот ќе биде висок бидејќи ќе замени некои други социјални добивки. Предлог програмата ќе биде завршена до ноември 2016 година откако ќе биде тестирана во целата земја, пренесува „Финланд тајмс“.

Проектот ќе биде особено интересен за невработените. Во Финска моментално има околу 280.000 невработени, односно 10% од работната сила во земјата.

Вработените лица имаат помалку покриени социјални трошоци од државата бидејќи се задолжени да плаќаат дел од нив. Така, невработените би требало да загубат пари доколку прифатат работа отсега.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија