X
 17.04.2016 Култура

Се ближи крајот на "Game of thrones"

Како што „Game of thrones“ влегува во својата шеста сезона, креаторите Дејвид Бениоф и Д.Б Вајс гледаат напред, откривајќи дека може да ја завршат серијата со две скратени сезони.

 

тронови


Тие најавија дека размислуваат за 7 сезона во која ќе има 7 епизоди, и 6 епизоди во 8 сезона со цел да стават крај на серијата. Ова официјално ќе бидат две одделни сезони.

„Мислам дека после 6-та сезона ќе следуваат 13 епизоди. Тоа значи дека го трчаме последниот круг. Ова е претпоставка, се`уште ништо не е одлучено, меѓутоа кон тоа е нашата цел“, вели Бениоф.

Причината за тоа зошто уште немаат решено е поради производството на серијата, која се снима во период од 12 до 14 месеци низ неколку континенти. Во официјално соопштение, HBO најави:

„Разговорите за крајот на „Game of thrones“ и бројот на епизодите во идните сезони се чисо шпекулативни. Како што е вообичаено, НВО се`уште разговара со Ден и Дејвид за деталите откако ќе биде донесена одлука да се продолжи со 7 сезона..

„Во секој разговор, темата дојде на површина. Ќе биде интересно да се види како тие се чувствуваат кога ќе одлучат да ги објават 7 и 8 сезона“, вели Мајкл Ломбардо, претседател на HBO еntertainment.

Oткривањето на завршницата може да биде паметен потег, за разлика од влечењето на серијата низ други сезони. Серијата „Lost“ вметна сличен модел после 16 сезони од последната сезона. Серијата го искористи овој метод за да ја задржи приказната концизна и стимулирачка.

„Сакавме да ставиме крај кога се`уште сме силни. Ја сакаме серијата премногу.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура