X
 21.04.2016 Образование

Мал робот ќе ги учи децата да програмираат

Програмирањето веројатно наскоро ќе стане задолжителен предмет на училиште. Да се програмира веќе станува вредна вештина која може да ви донесе работа или покачување. Меѓутоа, за децата воопшто не е лесно да се научи ова. За среќа, постојат многу алатки кои го олеснуваат процесот.


Најновата алатка за учење програмирање е „Root“. Тоа е мал робот создаден од тим истражувачи од „Харвард“ кој може да научи секого - од 5-годишно дете до возрасен - да програмира.

Како функционира?

Роботот може да биде програмиран за луѓе на сите нивоа, вклучувајќи ги и возрасните. Може да се користат основни икони или програмски јазик во учењето како што се напредува, така што уредот не е таков што станува бескорисен откако ќе научите нешто.


Роботот е контролиран од апликација, а со неа може да ги користите сензорите и магнетни панели на роботот за да создавате слики, звуци или музика. Уредот е флексибилен и се адаптира за да биде едноставен или комплициран како и програмирањето.


Целта на тимот зад уредот е да се донесе во секое училиште. Роботот сè уште не е достапен за да се купи, но може да се резервира за 199 долари. Креаторите велат дека ќе биде подготвен за продажба на почетокот од следната година.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование