X
 30.05.2016 Технологија

Програмски предизвици со кои може да го вежбате мозокот

Програмирањето станува вредна алатка и вештина за успех во денешниот свет. Тоа е комплицирана, но релативно нова човечка активност. Учењето програмски јазик не е исто како и учењето човечки јазик бидејќи тоа е поблиску до математиката. Програмирањето бара креативност и способност за формирање нови идеи. На интернет има многу различни платформи за секој кој сака да научи програмирање. Следниве интернет-страници нудат предизвици за програмерите и оние кои сакаат да научат програмирање.


Sphere Online Judge

Ова е платформа на која ќе најдете илјадници предизвици за програмирање како проблеми за решавање или задачи со алгоритми.

HackerEarth

Тука може да најдете апликација за правење автоматско оценување на технички и логички вештини за кандидати.

Coderbyte

Ова е наменето за коплетни почетници или оние со мало познавање. Се работи за заедница од програмери кои заедно поставуваат и решаваат проблеми.

[topcoder]

Овде може дури и да заработите со решавањето проблеми. Може да учествувате во предизвиците дневно или неделно, а потребни се вештини за решавање на истите.

Project Euler

Ова е една од најпознатите интернет-страници за програмирање. Илјадниците корисници нудат прашања и одговори за сите сфери.

Daily Programmer

Ова е заедницата на прогамери на „Reddit“. Приклучете се доколку сакате да научите повеќе за решавањето проблеми и програмирањето.

Codility

Овде добивате предизвици во многу програмски јазици и на различни нивоа на тежина.

HackerRank

Овде може да најдете предизвици за вештачка интелигенција.

Codeforces

На оваа интернет-страница може да правите сопствени групи, да учествувате во групни сесии за програмирање и многу повеќе.

Kaggle

Интернет-страницата е повеќе наменета за професионални програмери, а на неа има платени натпревари, па дури и огласи за вработување и туторијали.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија