- Нашиот робот Супермен трча 12,66 метри во секунда. А тоа е брзина поголема од онаа со која трчаше легендарниот Усеин Болт (12,42 m/s) - порачуваат од кинеската компанија „Јунитри“ фалејќи се со својот производ.
Кинезите велат дека им биле потребни само три месеци за да ја развијат оваа машина и дека може уште да напредува...
Но, нивните тврдења не се независно потврдени. Плус, на снимките што се појавија роботот малку „заглави“...
Сè ќе ви биде јасно од снимката.
Ова лансирање доаѓа во важен момент за „Јунитри“. Компанијата со седиште во Хангџоу се подготвува за тргување на СТАР пазарот на Шангајската берза откако во својата иницијална јавна понуда собра околу 6,1 милијарди јуани, односно околу 905 милиони долари.
Компанијата претходно изјави дека произвела околу 18.000 хуманоидни роботи.
Фото: принтскрин/Х