Учењето странски јазик како возрасен може да биде тешко. Граматиката на јазикот, помнењето на вистинскиот изговор, правилата, исклучоците... Возрасните имаат толку многу за помнење и совладување кога станува збор за учењето нов јазик. Меѓутоа, секогаш е вистинско време за учење јазик, а „Лајфхек“ нудат некои начини на кои тоа може да го постигнете побргу.
Фокусирајте се на помнењето и учењето на звуците прво
Бебињата имаат способност да ги разликуваат сите звуци во сите јазици и да ги помнат бргу. Така стануваме експерти во нашиот мајчин јазик. Но, како што старееме, ја губиме оваа способност.
Дали има начин да се врати способноста за помнење звуци и странски зборови? Науката вели дека има. Пред сè, фокусирајте се на повторување и вежбање на тешките гласови, наместо на учењето на граматиката и зборовите. Повеќе слушајте го јазикот и повторувајте ги фразите и звуците. Освен тоа, би требало и да слушате и да научите да разбирате различни дијалекти доколку сакате побргу да го научите јазикот. Слушајте повеќе различни луѓе чиј мајчин јазик е јазикот кој го учите.
Техника за повторување
За да научите нови зборови побргу, обидете се со повторување на секој збор и секоја фраза која сте ја научиле со одредени просторни интервали. На почетокот, треба да бидат пократки и ќе треба да ги повторувате секојдневно. Но откако добро ќе го запомните поимот, може да го повторите по денови или недели и нема да го заборавите.
Техника со штипење
Според истражување, одговорот на телото за закана ја подобрува меморијата. Ова се користи во метод за побрзо помнење. Обидете се со штипење пред повторување на некој збор или фраза. За време на следното учење, штипнете се само на зборови кои сте ги заборавиле. Вашата цел е да ја искористите способноста за помнење максимално во вистинското време.
Учење пред спиење
Една од најголемите поволности на спиењето е тоа што овозможува да се исчисти активната меморија, со што се зголемува способноста за учење. Учењето пред времето за спиење или пред дремка ќе ги премести сите информации што сте ги научиле во местото од мозокот за долго помнење. Таму, информацијата се помни подолг период.
Учете ја содржината, не јазикот
Според резултати од истражување, студентите кои имале друг предмет на јазикот кој го учеле имале подобри резултати на тестовите за слушање и разбирање и биле повеќе мотивирани за учење. Меѓутоа, студентите кои учеле јазик на стандарден час по странски јазик биле подобри на тестовите за читање и пишување.
Мешајте стари и нови зборови
Нашиот мозок секогаш сака новост, но обидот за учење многу нови зборови може да биде бескорисен. Затоа, за да научите нови концепти, треба да ги комбинирате со веќе познати. Учете малку секој ден Наоѓањето време за учење нов јазик може да биде проблем. Доколку сте зафатени, можеби размислувате за одложување на учењето за крајот на неделата. Меѓутоа, учењето малку, но секој ден е единствениот добар начин за учење. Мозокот има ограничено место за нови информации што се чисти додека спиеме.