X
 18.03.2016 Образование

Вредни вештини кои можете да ги научите онлајн

Дали некогаш сте сакале да ги усовршите вашите вештини во Excel? Или да научите да преговарате ефикасно? Или пак да научите да кодирате, да станете подобар писател или да научите да уредувате фотографии?

Благодарение на интернетот, онаму кадешто има волја, има и начин. Постојат многу нешта што можете да ги научите - особено ако имате пристап до интернет конекција. Ви нудиме вештини кои бесплатно можете да ги научите онлајн, и уште неколку ресурси кои ќе ви помогнат да ги усовршите.

1. Како подобро да преговарате


Без разлика дали преговарате со вашиот тим за имплементирање на некоја идеја или пак преговарате со вашиот шеф за покачување на платата, вештините за преговарање се доста важни. Тие ќе ви помогнат да станете посамоуверени, да ги елиминирате нееднаквостите, да добиете предност и да ги одржувате врските со соодветно менаџирање на конфликтот.

Постои доста материјал за тоа како да станете добар преговарач. Еден материјал кој е одличен за усовршување на вештините е блог постот „How to Disagree Without Being Disagreeable: 7 Tips for Having More Productive Discussions“ како и The Introvert's Guide to Successful Negotiating. Постојат и онлајн курсеви:


- Introducing the Art of Negotiation
- „Negotiation: Problems Solved, Not Battles Fought


2. Како да го користите Microsoft Excel освен за едноставни табели

Повеќето луѓе имаат некакво искуство со Excel, а тоа најчесто се табели. Но, ако тоа е единственото нешто што знаете да го работите на Excel, тогаш пропуштате многу. Доколку сакате да научите повеќе, тоа можете да го направите онлајн, преку оваа образовна содржина:


- „How to Use Excel: The Essential Training Guide for Data-Driven Marketing
- „9 Excel Templates to Make Marketing Easier
- „How to Use Excel: 14 Simple Excel Shortcuts, Tips & Tricks
- „40 Handy Excel Shortcuts You Can't Live Without
- „How to Create a Pivot Table in Excel: A Step-by-Step Tutorial
- „10 Design Tips to Create Beautiful Excel Charts and Graphs


3. Како да ги инвестирате парите

Инвестирањето на парите е застрашувачко нешто поради многу причини. Најпрво, воопшто не знаете да „пливате“ во ова поле, не го знаете речникот и жаргонот кои се користат и секако, процесот изгледа и тоа како комплексен и досаден.

Постојат доста извори кои можат да ви помогнат: „Investopedia“ е одличен и нуди бесплани онлајн извори како и LearnVest Knowledge Center.

4. Како да пишувате подобро

Сите се писатели. Ова е особено вистина во дигиталната ера, кога е доста често пишувањето на меилови и блогови. Доколку сакате да се подобрите во ова поле, започнете со гледање на 18 минутниот говор на видеото подолу.

 

Исто така можете да ја преземете е-книгата „The Marketer's Pocket Guide to Writing Well“ или лекцијата од Макалестер колеџот. Исто така, постои и веб апликација која може да ви помогне во пишувањето, како и следниве страни:


- „Grammar Police: 25 of the Most Common Grammatical Errors We All Need to Stop Making
- „How to Spell Words You Don't Know: Techniques From Grammar Experts


5. Како побрзо да читате

Благодарение (повторно) на дигиталната ера, голем дел од нас имаат листа на книги кои сакаат да ги прочитаат. За сите оние бавни читатели, некогаш читањето може да биде вистинска борба. Затоа постојат онлајн програми кои ќе ви помогнат во совладување на проблемот.

„Spreeder“ на пример е бесплатна онлајн програма која им помага на бавните читатели да ја зголемат брзината со која читаат.

6. Како да пишувате на тастатура побрзо


Иако постојат многу игри на кои можете да го вежбате вашето пишување на тастатура, Sense-Lang's Balloon Typing Game“ е една од наједноставните како и оваа игра со трка со автомобили.

7. Како да направите прекрасни фотографии

Не ви е потребен скап курс по фотографирање за да научите како да правите убави фотографии. Всушност, не ви е потребна ниту некоја скапа камера - потребна ви е камера од паметен телефон и добар субјект, како и внимание и трпение за да научите.

Низ интернетот постојат совети за тоа како да направите одлични фотографии со вашиот паметен телефон, а овие совети се едни од најдобрите.

8. Како да ги уредите фотографиите кои сте ги направиле

Откако ќе направите убава фотографија, потребно е да знаете како да ја уредите за таа да изгледа уште поубаво. За тоа постојат апликации за уредување.

- VSCO Cam е одличен избор за уредување фотографии
- „Snapseed е уште една одлична апликација за чистење и уредување на фотографијата
- Вовед од Adobe Support за тоа како да ја уредите првата фотографија во Photoshop
- Ова е библиотека од 45 туторијали за Photoshop

9. Како да кодирате

Денес учењето за основите на кодирањето е огромна предност за голем број луѓе во бизнис светот. Постојат голем број курсеви за кодирање кои чинат илјадници долари, меѓутоа постојат и одлични бесплатни онлајн извори кои можете да ги искористите.

- „Codeacademy
- „Coursera

- Онлајн платформата која нуди видео лекции како на пример „Programming for Entrepreneurs - HTML & CSS" или "Introduction to Python Programming“.

10. Маркетинг вештини


Постојат доста бесплатни извори за маркетинг вештини кои можат да ве научат на основните работи и да ви обезбедат детални инструкции.

„HubSpot Academyе една од страните која нуди бесплатни извори. Исто така можете да добиете аналитички сертификат од Google доколку го направите нивниот онлајн курс, а потоа го положите Google Analytics IQ испитот.

 

11. Како да научите да читате и пишувате странски јазик

Иако понекогаш потребни се години за да научите течно да зборувате странски јазик, можете да се научите себеси и тоа бесплатно, доколку сте доволно упорни.DuoLingo“ е совршена апликација за да започнете со учењето.

12. Како да станете јавен говорник

Постојат многу апликации и извори кои ќе ви помогнат да ги подобрите вештините во јавниот говор без учебници или јавни часови за зборување. Ова се неколку места на кои можете да почнете:

-A Helpful Guide of Public Speaking Tips“
- „The Uneasy Speaker's Guide to Confident Public Speaking


Сакате да видите како изгледате кога презентирате презентација? „Knovioе одлична бесплатна апликација која ви овозможува да се снимите себеси додека зборувате.
 
13. Како да медитирате


Можеби некои луѓе ќе помислат дека медитирањето не е бизнис вештина, меѓутоа ако го започнете денот со медитација тогаш дефинитивно ќе ве очекува многу попродуктивен ден. Најдобрите извори се Headspace“, медитациски сесии на UCLA Health и неколку бесплатни сесии од Fragrant Heart“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование