X
 01.08.2016 Технологија

Внимавајте на измамата која кружи нa Viber

Eдна од најпопуларните мобилни апликации во последниве години, Viber, често пати безбедносниот проблем го издвојува како најголем. Без разлика на тоа колку посветено работат инженерите на можностите за заштита, се'уште постојат работи кои можат скапо да ги чинат корисниците.

 

вибер


Од време на време, на некои корисници на Viber им пристигнуваат сомнителни пораки со специјални понуди од различни брендови. Понекогаш корисниците добиваат информации за пропуштен повик. Иако од Viber никогаш не реагирале на „сомнителни пораки и повици“, решението е едноставно.

Со цел да ги заштитите приватните податоци кои ги чувате во вашиот уред, добро би било да не одговарате на ваквите повици и пораки.

И покрај можностите за измама кои се слични скоро кај сите апликации, Viber уште долго време ќе биде популарен и широко распространет. Едноставен е за користење, а во некои земји целосно ја уништи неговата конкуренција. Оние кои редовно го користат, и покрај недостатоците, уживаат во предностите кои ги нуди.

 

viber

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија