Вчера во 14:18 часот паметните телефони низ Америка ги известија своите корисници за „итно предупредување“. Станува збор за порака што е тестирање на новиот систем наречен „Интегриран систем за јавно предупредување“, дел од системот за безжично алармирање. Корисниците не можат да излезат од предупредувањето и не можат да ја блокираат пораката.
Пораката не може да се блокира
Ова предупредување е слично како предупредувањето „Амбер“ од Националната метеоролошка служба. Секако, пораката е различна бидејќи корисниците не можат да ја избришат. Ако имате ајфон, можете да се упатите до „Notification settings“, да дојдете до дното на листата и да ги исклучите сите „Амбер“ и временски услови.
Сепак, ова исклучување нема да го спречи „Претседателското предупредување“ да стигне до вашиот телефон. Ако се обидете да ја блокирате пораката, таа повторно ќе ги вклучи вашите известувања за да не пропуштите ништо.
Тестот оригинално бил закажан за септември
Оригиналниот тест за овој систем бил закажан за 20 септември, но ураганот „Флоренс“ го одложи.
Системот функционира од 2006 година
Во 2006 година Конгресот го усвоил актот за мрежа за предупредување и одговор што произлегол од трагедијата предизвикана од ураганот „Катрина“. Системот нагласува дека ова е последно предупредување што укажува на директна опасност за граѓаните и поради тоа пораката не може да се блокира.
Авторитетот на претседателот да користи комуникациски технологии од приватниот сектор за да стигне до граѓаните потекнува од Законот за комуникации од 1934 година.
Вакви тестови имало и претходно
Биле спроведени три национални теста за системот за предупредување, еден во 2011, еден во 2016 и еден во 2017 година. Ова е првиот национален тест за безжична итна тревога. Сојузната агенција за управување со вонредни состојби вообичаено го планира во септември затоа што септември е национален месец за подготвеност. Законски, овој вид тестирање мора да се случи најмалку еднаш на секои три години.
Што кажува предупредувањето и како звучи
Пораката за тревога има познат тон за итност и брмчи од вибрациите. Тонот се огласува двапати, а во текстот пишува: „ОВА Е ТЕСТИРАЊЕ на националниот безжичен систем за предупредување за итни случаи. Не е потребна акција“.
Предупредувањето се појави и на ТВ и на радио
Освен известувањето на паметните
телефони, агенцијата за управување со вонредни состојби го пушти предупредувањето и на телевизија и на радио.