X
 25.04.2016 Култура

Што доколку Шекспир беше жив денес?

Вилијам Шекспир бил фасциниран од темната страна на човековата природа. Тој создал некои од најоригиналните чудовишта во книжевноста, а сите актери, кога играат негативци, секогаш се инспирирани од неговите драми. Зарем тоа не ве потсетува на криминален роман?


Книжевните „снобови“ отсекогаш ги сметале криминалните романи како „неквалитетен“ жанр, кој не е вреден за сериозна анализа. Во времето на Шекспир, доколку сте писател, драмите биле единствен жанр. Тогаш, две третини од населението било неписмено.

Има романи објавени и во негово време, но дури во Викторијанското доба тие започнале да стануваат чести и популарни. 18-от и 19-ти век забележале пад на драмите и пораст на романите. Доколку Шекспир беше жив денес и пишуваше, тој би пишувал романи, можеби некои телевизиски минисерии или филмски сценарија, вели Рој Грејс, актер и продуцент.

Повеќе од 50% од неговите драми имаат сцена со убиство, па така, Грејс додава дека многу од книгите кои би ги напишал Шекспир доколку беше жив денес би биле криминални романи.

Писателката Линда Стратман за Шекспир вели дека тој „навистина ја разбирал човековата природа, особено нејзината потемна страна - тој пишувал за љубов и омраза, љубомора и завист, повредена гордост и одмазда, сите теми кои водат до криминал. Кога гледаме негова драма се препознаваме себеси“.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура