Дали некогаш сте размислувале за подобра кариера? Без разлика дали сте претприемач зафатен со бизнисот или мајка која е зафатена до домашните обврски или професионалец кој постојано сака да добива нови вештини и да напредува во кариерата, онлајн-курсевите се еден одличен начин за напредок на професионално ниво. „Lifehack“ нуди седум од кои може да започнете.
„Search Engine Optimization Training“
Ова е одличен курс за малите сопственици на бизнис. Со него ќе научите повеќе за пребарувањето на интернетот и маркетингот и начинот на кој ова може да ви помогне со бизнисот.
„Стратешко комуницирање“
Ова е курс за сите кои имаат проблеми со комуникацијата. Научете како да комуницирате ефективно со непрофесионалци бесплатно.
„Speechwriting 101“
Дали треба да напишете говор, а не знаете како? Ова е курс од 10 лекции создадени за почетници во оваа област.
„Право за претприемачи и менаџери“
Ова е курс кој ќе ви помогне да ги разберете основите во поглед на правните проблеми кои може да се појават додека водите бизнис. Курсот се состои од 21 лекција.
„Научете Јава“
Ова е бесплатен и едноставен водич за програмскиот јазик Јава, кој е еден од најпопуларните програмски јазици денес. Лекциите се брзи и лесни и не ви е потребно претходно знаење.
„Јавно говорење“
Многу луѓе се експерти во својата област, но доколку ги ставите пред поширока публика, се замрзнуваат и не зборуваат. Доколку се пронајдовте, потребен ви е овој курс.
„Основи на Adobe Illustrator“
Доколку имате некаква точка со дизајнот, треба да знаете како да го користите Adobe Illustrator. Доколку не сте работеле со вектори претходно, ова може да биде нејасно, но курсот ги објаснува сите потешкотии и трае само еден месец.