БЛИЗУ ДОО Скопје, односно согласно законската регулатива спроведена е постапка за
присоединување на компанијата Близу Медиа енд Броудбенд ДООЕЛ Скопје (Близу
ДООЕЛ Скопје) кон компанијата оне.Вип ДОО која се очекува да биде завршена на 3 мај 2016 година.
Со оваа постапка на присoединување, оне.Вип во целост го презема исполнувањето на
сите досегашни права и обврски кон постојните корисници на услуги и добавувачи на
производи и услуги на Близу ДООЕЛ Скопје, ќе настапува како оператор за обезбедување
комуникациски услуги и ќе ги издава и доставува сите месечни сметки за користените
услуги, кои се издадени по датумот на присоединување.
Корисниците на Близу и понатаму ќе продолжат да ги користат комуникациските услуги
под истите услови како и досега и со истите цени согласно претплатничкиот договор и
избраниот тарифен модел, преку истата мрежа и друга веќе доделена комуникациска
опрема. Воспоставениот претплатнички однос ќе продолжи да се применува помеѓу
корисниците и оне.Вип ДОО Скопје, кој од сега па натаму ќе настапува како оператор кој
ќе ги обезбедува комуникациските услуги за корисниците на Близу и ќе ги издава и
доставува месечните сметки за користените услуги.
Со присоединувањето на Близу кон оне.Вип, се официјализира конвергентната стратегија
на оне.Вип, што ќе донесе понатамошно збогатување на понудата, унапредување на
квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии со уште
повеќе придобивки за корисниците.