X
 03.07.2019 Живот

Вториот најдобар ресторан во светот, чиј газда потекнува од Македонија, бара истражувач

Ресторанот „Нома“ се најде на високото второ место на листата со 50 најдобри ресторани во светот. Сега овој ресторан бара нов работник.

Треба да се напомене дека косопственик на овој светски познат ресторан е Рене Реџепи, кој потекнува од тетовското село Џепчиште. Тој во 2011 г. беше избран за најдобар готвач на светот, а ресторанот „Нома“ неколку пати ја доби титулата најдобар ресторан во светот и Мишелин ѕвездички. Во 2012 г. е прогласен за 11. највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на „Тајмс“.


Рене Реџепи
Фото: Wikipedia

Станува збор за работно место кое е целосно во стилот на новата „Нома“, а среќникот што ќе ја добие работата нема да биде заглавен во ресторанот, туку неговата задача ќе биде да ја пребара Скандинавија и да открие нови и возбудливи состојки што регионот може да ги понуди.

- Ова лице ќе мора да изгради односи со фармерите, рибарите, сточарите и занаетчиите за да ја поврзе „Нома“ со единствените намирници што тие ги произведуваат - стои во описот на работата.

Понатаму се наведува дека работната позиција бара многу патување, снаодливост, соработка, организација и јасна комуникација со креативната кујна на „Нома“.

Доколку сте подготвени за создавање нова кариера преку воспоставување односи со набавувачите во еден од најдобрите ресторани во светот, ова би можело да биде вистинската шанса за вас. Неопходно е да имате минимум 5 години работно искуство во професионални кујни, како и познавање на локалното подрачје и регионите, земјоделските практики и на дивите билки, а ако го немате тоа, ќе треба да докажете дека барем сте научиле како да учите.

Ако мислите дека сте подготвени за предизвик, тука можете да ги погледнете деталите за работното место.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот