X
 01.05.2016 Наука

Астрономите откриле нов вид комета недалеку од Земјата

Повеќето други комети се состојат од мраз и други смрзнати делови, но не и оваа комета. Астрономите откриле комета без опашка, прва од овој вид, чиј состав би можел да даде одговор на прашања за формирањето и еволуцијата на Сончевиот состав, се наведува во истражување објавено во списанието „Science advances“.



Кометата С/2014 Ѕ3, наречена „Манкс“ според видот мачки кои немаат опашка, е составена од карпест материјал кој може да се најде недалеку од Земјата. Повеќето други комети се состојат од мраз. Научниците веруваат дека откриената комета била формирана во ист регион како и Земјата, а потоа била исфрлена во задниот дел од Сончевиот состав поради гравитациските интеракции на планетите.

Сега, тие се обидуваат да дознаат колку такви комети има во Сончевиот состав, што би им помогнало во наоѓањето одговори на прашањата како и кога точно Сончевиот состав ја зазел сегашната конфигурација.

- Во зависност од тоа колку ќе пронајдеме, ќе дознаеме дали огромните планети се движеле во дел од Сончевиот состав кога биле млади или тивко растеле без премногу движење - вели еден од авторите на истражувањето, Оливиер Хаинаут, астроном во Европската јужна опсерваторија во Германија.

Новата комета била откриена во 2014 година со телескопот Pan-STARRS. Останатите комети обично обликуваат светли опашки додека се приближуваат кон Сонцето, што е резултат на топењето на мразот од кој се составени. Меѓутоа, оваа комета била без опашка кога била забележана, а подоцнежни анализи покажале дека наместо мраз содржи материјал сличен на карпести астероиди кои се наоѓаат во појасот меѓу Марс и Јупитер.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука