X
 07.11.2020 Наука

На средината од ноември метеорскиот дожд „Леониди“ ќе приреди спектакл

Метеорскиот дожд „Леониди“ ќе го осветли ноќното небо овој месец и ќе приреди спектакл. Годинава се очекува да поминува најмногу еден метеор на секои 5 минути, открива Бил Кук од американската вселенска агенција НАСА.

Метеорскиот дожд „Леониди“ се јавува секоја година во средината на ноември. Годинава, најдобро време за гледање на метеорскиот дожд е на 16 и 17 ноември.

Што е метеорскиот дожд „Леониди“?

Тоа се вселенски тела што поминуваат на небото кога делови од кометата Темпел-Тутл испаруваат во атмосферата на Земјата.

Метеорскиот дожд ќе биде видлив насекаде низ светот, но повеќе ќе се гледа во северната хемисфера. Најдобар начин да се гледаат метеорите е на темно место бидејќи „Леонидите“ се побледи од други метеорски дождови.

Нема потреба од телескоп за да се видат метеорите. Експертите препорачуваат да не гледате во екранот од телефонот додека сте надвор бидејќи тоа може да не забележите некои метеори што ќе бидат видливи за другите.

Автор: Алиса Њукомб
Извор: today.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука