Со концертот „Филхармонија во срцето“, македонската Филхармонија вечерва, во 20 часот, ќе одбележи два значајни јубилеја - 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски.
На концертот ќе настапи Камерниот оркестар на Филхармонија, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, а како солисти ќе настапат Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа).
На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.
фото: ФБ на Филхармонија