На прашањето како ќе му ги опише неговите дела на некој кој никогаш не ги видел, рускиот надреалистички сликар Владимир Куш вели: „Би ги опишал моите дела со цитат од Вилима Блејк: Ако вратите од перцепцијата се исчистени, на човек се` би му изгледало онака како што е, бесконечно...“
Овој одговор треба да ви даде увид во неговата перспектива - перспектива која го тера да создаде некои од најпрекрасните и најпознатите дела на надреализмот во поновата историја.
Куш ја опишува неговата работа како метафоричен реализам и раскажува за моќта на метафората.
„Да се рефлектира светот во огледалото на метафората - ова е мојата цел. Метафората не само што припаѓа на лингвистичката комуникација туку исто така може да се пронајде во нашиот секојдневен живот. Метафората е средсттво на комуникација според која живееме. Прво, метафората е насочена кон чувствата и потсвеста на гледачот. Таа овозмижува имагинација, како што е имагинацијата која ги создава врските помеѓу навидум различните нешта“.
Во неговите слики, Куш прикажува навидум реални сцени кои содржат сокриени слики или невозможни елементи. Она што се појавува како нешто вообичаено, кога ќе го погледнете повнимателно, е всушност нешто чудно или пак две работи наеднаш.
Линк до галеријата.