X
 06.05.2016 Образование

Меѓународниот натпревар по кинески јазик "Кинески мост" за првпат во Скопје

Институтот „Конфуциј“ за првпат го носи во Скопје Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ кој се одржува насекаде низ светот.


Оваа сабота (07.05), на просториите на Филолошкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи натпреварот на кој ќе учествуваат оние кои го изучуваат овој јазик преку институтот.

Имено, институтот нуди часови по кинески јазик за сите возрасти веќе со години, а наставата ја држат професори од Кина. Освен јазичните часови, институтот активно ја промовира кинеската култура во земјава преку организација на едукативни настани и предавања.

На натпреварот „Кинески мост“, учесниците се натпреваруваат во три категории: талент, кинески говор и писмен тест.

Најдобрите двајца ќе добијат бесплатно патување во Кина, додека за останатите учесници се подготвени други награди и сертификати. 

Официјална фан-страница на институтот „Конфуциј“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование