Како може да го претворите обичниот компјутер во посебен со вештачка интелигенција бесплатно? Запознајте се со „Braina“.
Се работи за интелигентен виртуелен помошник кој ви овозможува да го користите компјутерот со гласовни наредби. Можеби би помислиле дека ова звучи како „Cortana“ или „Siri“, но грешите. Ова не е само обична програма за пребарување.
„Braina“ може многу повеќе, како:
- Диктирање од говор во текст
- Пребарување на интернетот за информации
- Пребарување документи на компјутерот
- Пуштање музика или видеа на платформи или од компјутерот
- Поставување аларми и потсетници
- Вршење математички пресметувања
- Покажување вести според теми и категории
- Читање електронски книги
- Наоѓање вести и информации за времето.
„Braina“ вклучува и вештачки мозок кој може да учи, процесира и помни информации од разговорите кои ги имате со него. Гласовните наредби може да ги давате и преку интернет-мрежа со апликацијата за „Андроид“.
За разлика од останатите слични системи, „Braina“ е практичен и фунционален. Основната верзија на „
Braina“ е бесплатна, а премиум-верзијата чини 29 долари за едногодишно користење.