X
 26.03.2018 Технологија

Кој ќе победи во трката за вештачката интелигенција?


Илустрација: Робот и иницијалите AI
(Фото: Thinkstock)


Кина уште во јули минатата година објави дека планира да стане светски лидер на полето на вештачката интелигенција и дека ќе создаде индустрија што ќе ѝ донесе 150 милијарди долари на контото до 2030 година.

За технологиите што работат на вештачка интелигенција (AI) во САД, оваа најава беше дочекана како директен предизвик на американското водство во, без сомнение, најважното технолошко истражување во минатите децении.

Според сопствениот агресивен план, Кина ќе ја третира вештачката интелигенција како начин да ја зајакне националната гордост и да достигне технолошки пробив. Манифестот е многу сличен на извештаите за иднината на вештачката интелигенција што на крајот од 2016 година ги објави администрацијата на Обама.

„Извонредно е да се види како ВИ стана приоритет за кинеската влада и колку брзо ги покрена работите“, вели Елса Канија, соработник во Центарот за нова американска безбедност, кој го преведе кинескиот манифест.

Американските планови и политики што беа објавени во 2016 г., како што се чини, послужиле како инспирација за формулирањето на кинеската национална стратегија за вештачка интелигенција.

По шест месеци откако Кина го најави планот што потсетува на оној на Обама, експертите за вештачка интелигенција од САД велат дека Белата куќа на Трамп нема да ја чини ништо доколку повика акција за спроведување на планот на поранешната администрација.

„И натаму чекаме инструкции од Белата куќа како да реагираме на конкурентите“, вели Тим Хванг, директор на Иницијативата за ВИ-етика и управување, организација која ја создаде основачот на „Линкдин“, Рид Хофман.

Американските компании како „Амазон“ и „Гугл“ направиле повеќе од сите други концептите за ВИ да ги претворат во реални производи. Но поради многубројни причини, вклучително и стравувањата дека администрацијата на Трамп ќе го ограничи бројот на странски инженери, повеќето клучни истражувања на вештачката интелигенција мигрираат во други земји и технолошки центри.

Њујорк тајмс
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија