Во последно време во светот кружи измама за Windows OS. На корисниците им се прикажува лажен син екран на кој се гледа број за техничка поддршка. Ако се јават, нормално, им се бараат пари за поправање на проблемот.
Од Microsoft ги предупредуваат корисниците да внимаваат на овој
малициозен софтвер, чие име е Hicurdismos. Станува збор за лажна датотека за инсталирање за Microsoft Security Essential која не би можела да ги измами искусните корисници, но постојат многу што во паника би можеле да станат жртви на хакерите.
Лажниот софтвер го сокрива курсерот на компјутерското глувче и го оневозможува Task Manager-от, со што корисникот може да помисли дека компјутерот навистина има проблем. Вистинскиот BSOD прикажува дека има технички грешки, но без број за контакт.
Ако се преземе проблематична датотека обично се прикажува и предупредување, но тоа не може да се види ако датотеката е исправна или од проверен извор. За да се спасат од поголеми штети корисниците треба да користи Windows Defender Offline, за чистење на компјутерот.
Од Microsoft потенцираат дека ваквите измами постојат со години и повикува сите корисници што се соочиле со ваков проблем да пријават во најблискиот Microsoft центар.