X
 28.09.2016 Образование

Се укинува домашната задача во некои училишта во Америка

Се поголем број на основни училишта и наставници во САД ја укинуваат домашната задача за децата, со цел да им дадат повеќе време за игра, спорт, семејство, читање и спиење.

Директорoт на училиштето “Orchard“ во Бурлингтон, Вермонт, изјавил дека на децата од предучилишна возраст до петто одделение во основното училиште им била укината домашна работа, бидејќи, според неговите истражувања, домашната задача нема ефект на подобрување на образованието.


домашна задача


Во другите основни училишта е воведена домашна работа во форма на активности како што се: читање, играње надвор, дружење со семејството и задолжително минимално спиење.

Претседателот на Националната асоцијација на основните училишта изјавил дека од реакцијата на родителите може да се заклучи дека "децата без домашна задача се премногу лабави."

Некои експерти за образование велат дека домашната задача има "витално значење" и дека укинувањето би можело да “остави клучни последици во образованието на децата."
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование