X
 09.05.2016 Образование

Сигурни знаци на развиена емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција ја предвидува способноста на луѓето за односите со останатите и постигнување успех. Истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу емоционалната интелигенција и успехот во кариерата. Но, секој не е роден со неа, но за разлика од коефициентот на интелигенција, емоционалната интелигенција може да се добие и подобри со вежбање. Како може да препознаете дали некој ја има оваа интелигенција или не?


Знак 1: Примаат критика без одбивање, вина, извинување или нервоза

Една од карактеристиките на емоционалната интелигенција е свеста за себе. Тоа е длабоко разбирање на она што не` прави нервозни, што не` возбудува, што не` интересира. Кога луѓето со висока емоционална интелигенција ќе згрешат и ќе добијат критика, тоа не ги повредува длабоко, туку тие тоа го сфаќаат како факт кој треба да се анализира и поправи.

Знак 2: Слободоумни се

Самосвеста им овозможува на емоционално интелигентните луѓе да слушаат ситуација без да реагираат на осудување. Тие автоматски не ги одбиваат идеите бидејќи се различни од нивните.

Знак 3: Тие се добри слушатели

Луѓето со емоционална интелигенција може да препознаваат чувства кои ја нарушуваат нивната вештина за слушање. Тие се издвојуваат од тие чувства за да останат фокусирани на слушањето.

Знак 4: Тие не ја „зачинуваат“ вистината

Емоционалната интелигенција бара препознавање чувства кај другите, но ова не значи дека не треба да се кажува вистината. Луѓето со емоционална интелигенција знаат колку е битно да се слушнат тешките пораки.

Знак 5: Тие се извинуваат кога грешат

Луѓето со развиена емоционална интелигенција не вложуваат вредно време обидувајќи се да докажат дека се во право кога се свесни дека грешат. Наместо да бараат изговори, тие нудат едноставно и искрено извинување кое им дозволува бргу да се вратат на првата патека.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование