X
 18.01.2023 Живот

Кои земји од регионот имаат најмногу членови на „Менса“?

Здружението „Менса“ има членови од сите возрасти од околу 90 различни земји во светот.

Само лица со коефициент на интелигенција поголем од 132 го положуваат испитот на здружението, а единствен критериум за прием во „Менса“ е постигнување резултат од над 98 перцентили на стандардниот тест за коефициент на интелигенција.

Според истражувањето на платформата за високото образование „Ерудера“, неколку земји од регионот имаат членови на „Менса“. Поточно, од 11 земји во регионот седум се дел од „Менса“. Србија има најмногу членови - над 1.100.

Следуваат Романија со над 800, Словенија со над 250, Црна Гора со над 200, Босна и Херцеговина со над 200, Бугарија со над 130 и Македонија со над 100.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот