Уште од мали, родителите постојано ни велеа да не гледаме директно во сонцето. Денес, на 9 мај, ќе се случи астрономски настан кој се случува само 13 пати во еден век: планетата Меркур ќе патува помеѓу Земјата и Сонцето.
Спектакуларниот феномен како овој често пати ги поттикнува астрономите аматери да ги насочат нивните телескопи и да го погледнат овој феномен. Неизбежно, некој ќе заборави колку е лоша идејата да се гледа директно во сонцето, без разлика дали тоа се прави преку голо око или телескоп.
Тоа е причината зошто Марк Томпсон, британски астроном и автор, го направи видеото кое открива што се случува кога директно гледаме во сонцето.